• понеделник, 23 декември 2024

Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон

Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон
Атина, 3 октомври 2022 (МИА) – Од денеска во Грција започнува имунизација со ажурираните и прилагодените вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од подваријантите БА.4 и БА.5 на мутацијата Омикрон, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретните вакцини, кои минатата седмица пристигнаа во Грција, ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози. Во четвртокот се отвори платформата за закажување термин за вакцинација, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, за само еден ден биле закажани 12.185 термини. Пред 20 дена започна имунизацијата со вакцините наменети за варијантата Омикрон БА.1, а приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми. Новите вакцини може да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19, а се наменети само за вакцинираните, додека пак оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини. ср/зш/

Остани поврзан