Во Градско и Ногаевци поставени забавувачи на брзината на возилата
- Општина Градско постави забавувачи на брзина на пет локации во Градско и Ногаевци по барање на жителите. Целта е да се намали брзината на возилата низ овие населени места, а со тоа и ризикот
Велес, 31 октомври 2022 (МИА) - Општина Градско постави забавувачи на брзина на пет локации во Градско и Ногаевци по барање на жителите. Целта е да се намали брзината на возилата низ овие населени места, а со тоа и ризикот од сообраќајни незгоди. Оваа јавна набавка на Општина Градско е во вредност од 120 илјади денари, информира градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков.
-Безбедноста на жителите треба да биде на прво место, за да се подобри истата, се поставија овие забавувачи и ќе се превземат и други мерки за поголема безбедност на сите учесници во соообраќајот, посебно на пешаците, најави градоначалникот Нацков. ад/сст/