• понеделник, 23 декември 2024

Во Градско забрзано се гради Откупен центар за земјоделски производи

Во Градско забрзано се гради Откупен центар за земјоделски производи

Велес, 4 април 2020 (МИА) - Во Градско веќе еден месец се изведуваат градежните работи на проектот за изградба на Откупен центар за земјоделски производи со средства во висина од 5.840.000 денари обезбедени од Министерството за локална самуоправа преку Биро за регионален развој и Вардарски плански регион. Изведувач на градежните работи е  „Изгрев инжинеринг" Велес.

Како што информира за МИА градоначалникот Роберт Бешовски, во откупниот центар за земјоделски производи земјоделците од Општина Градско и поширокиот регион ќе може да ги продаваат на големо своите разновидни земјоделски производи. За таа намена ќе биде асфалтирана и оградена површина од 2.200 квадратни метри, која ќе има и осветлување. Со него ќе стопанисува ЈКП „Клепа“ од Градско.

-Со изградбата на откупен центар, земјоделците до Општина Градско и поширокиот земјоделски регион ќе имаат место каде ќе можат на големо да ги продаваат своите земјоделски производи. Со тоа ќе заштедат пари и време и ќе можат да се насочат повеќе на своето производство, потенцира Бешовски.
Тој појасни дека планираниот рок за негова изградба е 31 мај.
Земјоделците од Градско и поширокиот регон се едни од поголемите производители на раноградинарски и останати земјоделски производи кои се пласираат на пазарите во земјава и странство.ад/бт/

Остани поврзан