Во Гостивар сите избирачки места отворени навреме
- Во општина Гостивар изборниот процес за редовните парламентарни избори и втор круг од претседателските избори започна навреме и првиот час од отворањето на избирачките места се одвива без проблеми, информираат од ОИК Гостивар.
Гостивар, 8 мај 2024 (МИА) – Во општина Гостивар изборниот процес за редовните парламентарни избори и втор круг од претседателските избори започна навреме и првиот час од отворањето на избирачките места се одвива без проблеми, информираат од ОИК Гостивар.
Правото на глас денеска ќе го искористат 81 517 запишани избирачи за претседателските избори и за претставници во Собранието, 81 612 граѓани.
Околу 9:30 часот се очекува и првиот пресек за излезноста на гласачките места. згм/лв/
фото:МИА архива