• четврток, 26 декември 2024

Во Гостивар се одржа еколошката акција „Генералка викенд“

Во Гостивар се одржа еколошката акција „Генералка викенд“

Гостивар, 13 мај 2023 (МИА) - Вработени во општинската администрација, ученици, преставници на невладини и државни институции го чистеа зелените површини и тротоари во центарот на Гостивар од отпадоци како дел настанот „Генералка викенд“ организирана од „Man and Mountain“ и локалната самоуправа. Првиот човек на општината Арбен Таравари со неговите соработници се приклучи на настанот и со волонтерите собираа догорчиња, хартии и ситни отпадоци.

Таравари искажа благодарност до сите волонтери и ентузијасти коишто се вклучија и упати пофалба до сограѓаните и вработените кои ја одржуваат јавната хигиена.

- Денес градот е почист од вообичаено и тоа ме радува. Кога би ја оценувал хигиената од еден до пет, таа денес е за „4 плус“. Таа многу зависи од граѓаните и нивната љубов кон градот и дали отпадоците ги фрлаат во корпите кои се поставени на повеќе локации. Одговорно тврдам дека Гостивар е град со најмногу корпи за отпадоци во Македонија, изјави Таравари.

Освен по градските улици, повеќе активисти од училишта, Црвениот крст, вработените во општината и волонтери собираа отпадоци по кејот и големиот парк. Настанот заврши со засадување на една јапонска цреша и јавор на десниот брег на Вардар.

Акцијата има за цел да ја подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијае на заштитата на животната средина. Таа е дел од стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, со поддршка на Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Третата по ред еколошка акција – Генералка викенд годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16.000 волонтери. згм/мч/

Остани поврзан