• сабота, 31 август 2024

Во гостиварската населба Циглана промовирана инвестицијата во подрачното училиште

Во гостиварската населба Циглана промовирана инвестицијата во подрачното училиште
Гостивар 24 ноември 2022 (МИА) – На пригодна свеченост и во присуство на општинското раководство, во гостиварската населба Циглана беше промовирана инвестицијата со која значајно се подобро енергетската ефикасност на објектот на подрачното училиште „Единство“ во населба Циглана. Првиот човек на општината, Арбен Таравари напомена дека вложувањето која е од општинскиот буџет, во ова време на енергетска криза е повеќе од потребна и со неа, објектот освен што ќе се заштедува на енергија, доби современ изглед. - Денеска ги промовиравме вложувањата во подрачното основно училиште „Единство“ во населба Циглана. Инвестицијата опфаќа замена на старите и дотрајани прозорци, внатрешно реновирање на училниците и обновување на надворешноста со нова фасада, рече градоначалникот Арбен Таравари. Тој нагласи дека за локалната самоуправа и понатаму меѓу главните приоритети останува образованието и образовната инфраструктура во основните и средните училишта во Гостивар.згм/

Остани поврзан