Во Германија уапсен доцент под сомнение дека шпионирал во корист на Русија
- Германската полиција го упаси рускиот државјанин Улнур Н. под сомнение дека шпионирал во корист на руските тајни служби

Берлин, 21 јуни 2021 (МИА) - Германската полиција го упаси рускиот државјанин Улнур Н. под сомнение дека шпионирал во корист на руските тајни служби.
- Илнур Н., кој бил доцент на еден природно-технички факултет давал информации за активностите на Универзитетот каде бил вработен во најмалку три наврати во периодот од октомври 2020 до јуни 2021 година, се наведува во соопштението на Главниот државен обвинител во Карлсруе.
Неофицијално приведен е Илнур Нагаев, кој работел на Катедрата за механика и материјали на Универзитетот во Аугсбург.
На почетокот на месецот германските медиуми цитираа извештај на Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок, според кој Русија во последните години „значително ги интензивирала“ своите шпионски активности во Германија.
Според медиумите, Русија неодамна испратила над 200 тајни агенти во Германија, кои главно работат под заштита на дипломатските мисии.
Водечките политичари, вклучително и министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Долна Саксонија, Борис Писториус, исто така предупредија на опасноста од влијанието на странските тајни служби врз резултатот од парламентарните избори во Германија, што се закажани во септември. ми/