• среда, 25 декември 2024

Во Германија и матичните лекари ќе вакцинираат против Ковид-19

Во Германија и матичните лекари ќе вакцинираат против Ковид-19
Берлин, 6 април 2021 (МИА) - Во Германија вакцинацијата против Ковид-19 од денеска ќе можат да ја извршуваат и приватните матични лекари, со цел да се забрза процесот на имунизација. Повеќе од 35.000 матични лекари ширум Германија се очекува да бидат вклучени во процесот веќе оваа недела. Претставниците на федералните и провинциските власти донесоа одлука пред неколку недели да го прошират процесот на вакцинација на матичните лекари. Досега вакцинирањето се извршуваше во само 430 центри за имунизација. Во лекарските ординации ќе се вакцинира и со вакцината на Астра Зенека, но само лица над 60-годишна возраст, додека за помлади лица ќе треба одобрение од матичен лекар. ми/

Остани поврзан