• вторник, 24 декември 2024

Во Германија зголемено сексуалното злоставување деца

Во Германија зголемено сексуалното злоставување деца
Берлин, 30 мај 2022 (МИА) - Во Германија лани е забележан значително поголем број случаи на сексуално злоставување деца, во споредба со 2020 година, соопшти денеска германската полиција. Има раст од 108 отсто, односно над 39.000 случаи, покажа специјалната анализа на германската полиција, што денеска е претставена пред новинарите во Берлин. Во случаите се вбројуваат дистрибуција, набавка, поседување и производство на содржина, каде сексуално се злоставувани деца и тинејџери. Меѓутоа, бројката ги покажува само официјално регистрираните случаи. Се претпоставува дека бројката е значително поголема. Според проценката на властите, секој втор ученик во секое одделение во училиштата, е жртва на некаков вид сексуално насилство. бд/ми/

Остани поврзан