Во Германија во текот на викендот, повеќе од 1,4 милиони луѓе демонстрираа против екстремната десница
- Повеќе од 1,4 милиони луѓе од петокот демонстрираа во десетици градови низ Германија против екстремно десничарската партија АфД (Алтернатива за Германија) и нејзината радикална идеологија, објавија денеска две организации кои повикаа на протести.

Берлин, 21 јануари 2024 (МИА) - Повеќе од 1,4 милиони луѓе од петокот демонстрираа во десетици градови низ Германија против екстремно десничарската партија АфД (Алтернатива за Германија) и нејзината радикална идеологија, објавија денеска две организации кои повикаа на протести.
„Само денеска се одржаа протестни маршеви во околу 40 градови, што е јасен сигнал против АфД и десничарските ексцеси во германското општество“, се вели во соопштението на организациите кои повикаа на протести.
Полицијата не ги даде своите бројки за сите тие собири. зш/