Во Гвинеја објавен национален полициски час
- Специјалните сили кои ја презедоа власта во Гвинеја, преземајќи ја резиденцијата на претседателот Алфа Конде, објавија национален полициски час „до дополнително известување“, како и смена на

Конакри, 6 септември 2021 (МИА) - Специјалните сили кои ја презедоа власта во Гвинеја, преземајќи ја резиденцијата на претседателот Алфа Конде, објавија национален полициски час „до дополнително известување“, како и смена на гувернерите од војската.
Војската во соопштението објавено на националната телевизија најави дека денеска ќе ги свика министрите од кабинетот на Конде и други високи претставници во главниот град Конакри. паг/