• недела, 24 ноември 2024

Во гаснење на пожарот над Отовица вклучени авиони на ДЗС и полициски хеликоптер

Во гаснење на пожарот над Отовица вклучени авиони на ДЗС и полициски хеликоптер

Велес, 2 август 2023(МИА) - Два авиона „Ер трактор“ за Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер интервенираат во гаснење на големиот шумски пожар над село Отовица што изби попладнето околу 14 часот.

-Со пожарот е зафатана борова шума, а во негово гаснење се вклучени  и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, десетина  вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од село Отовица кое живее во близина на пожарот, информира за МИА, градоначалникот на Велес Марко Колев кој е на терен во подршка на лицата вклучени во гаснење на пожарот.

Тој појасни дека пожарот е на истата локација каде завчера исто така имаше пожар, но  со тоа што сега е зафатена и гори поголема површина на борова шума и тоа на непристапен терен.

-Баравме гаснење од воздух бидејќи станува збор за непристапен терен,потенцира Колев.

Пожарот е во близина на автопатот Велес-Скопје каде поминуаат илјадници возила, а  Колев се сомнева дека можеби отпушок од цигара фрлен од кола е причината за пожарот.

- За краток  временски период од само два дена се случува  од автопатот да се прошири пожарот, кон шумата. Не можам да тврдам само можам да претпоставувам дека причината е можеби отпушок од цигара фрлен од кола, потенцира Колев.

Истрагата на СВР Велес  треба да утврди што е причината за овој голем шумски пожар.ад/лв/

 

Остани поврзан