• недела, 01 септември 2024

Во галеријата „КО-РА“ отворена изложбата „Виножито на радоста“ на Дарко Аницин

Во галеријата „КО-РА“ отворена изложбата „Виножито на радоста“ на Дарко Аницин
Скопје, 2 септември 2021 (МИА) - „Виножито на радоста“ е мултимедијална интерактивна изложба на академскиот графичар и графички илустратор Дарко Аницин која од вчера е отворена во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Според историчарот на уметноста Виолета Калиќ, Аницин своите истражувања од ангажиран и интерактивен карактер ги продолжува со оваа изложба, која остави впечаток со својата сугестивна инвентивност во определбата, не само како проект во насока на истражување на психолошките состојби кај публиката преку бојата, туку вклучувајќи ја и музиката со избор на разнородни фрагменти.
-Целината на мултимедијалниот проект беше сугестивана и  артикулирана, особено во амбивалентноста на алтернативниот простор надвор од салонот на Галерија „КО-РА“, каде спонатаноста на доживувањето добива навистина една нова изразна димензија и во поставката и во перцепцијата на публиката облагородена со видео проекцијата на делата и музичка илустрација, истакна Калиќ по повод отворањето на изложбата.
Таа посочува дека во предговорот на каталогот кон изложбата говори за моќта и значањето на бојата како сецивилизациски феномен и за улогата која уметникот ја има какао медијатор во социолошките процеси каде истакнува дека „во овој дел од истражувањата на бојата како феномен Дарко Аницин се посветува на импактот од итерактивноста која ја живееме во сите сегменти на ова сепотехнологизирано и роботизирано време во кое сме заложници едновремено во повеќе сегменти на една катадневна борба за опстојување и запазување на хуманите вредности.
-Човековото битие е катадневно соочено,не само со сепогранични и сеподраматични искушениа, туку е заложник на една глобална и сепохибридна војна во сите сфери на овоцивилизациското опстојување, додава Калиќ.
Во изложбата, според Калиќ, интерактивноста станува императив, како неразделен сегмент од глобализмот. Бојата станува медијатор и се помоќен интерпретатор, носител на најнепосредната порака. Таа го детерминира симболот во својата многузначност.
-И покрај сите обиди за разнородни интерпретации и детерминација на нејзината повеќекратна моќ и сецивилизациска улога, уште од зародишот на цивилизациите, и запазените траги кои пленат, уште од времето на древните пештери, и сведочат за праисторијата, бојата останува вечна загатка и енигма, која плени и инспирира, и која иницира интерпретација од разнородни аспекти: како културолошки, естетски, социолошки, философски,но пред сé, таа плени во својата исконска даденост и континуитет, кој повикува на осознавање на нејзината генеза, која нé поведува до магијата и култот, до сецивилизациските обреди и чествувања, посочува Калиќ. бт/ац/

Остани поврзан