• вторник, 24 декември 2024

Во вторник прекин на сообраќајот од село Ветуница до мостот на река Блидеш

Во вторник прекин на сообраќајот од село Ветуница до мостот на река Блидеш

Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - Поради изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал,  во вторник ќе се изведуваат работи на минирање. За таа цел предвиден е времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница - мост на река Блидеш во период од 12:00 до 16:00 часот.

Како што соопшти АМСМ, по минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат. мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан