• среда, 25 декември 2024

Во вонредна летна крводарителска акција во Велес собрани 36 крвни единици

Во вонредна летна крводарителска акција во Велес собрани 36 крвни единици
Велес, 23 јуни 2021 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска во Ликовниот салон во Велес организираа вонредна летна првпат јунска акција за крводарување во која се собрани 36 крвни единици. -Акцијата е успешна, а ќе имаше и повеќе собрани крвни единици бидејќи дел од крводарителите кои сакаа да даруваат крв беа враќани, бидејќи се вакцинирале против Ковид-19, а услов е да поминат четири недели по вакцинацијата за да даруваат крв, појасни за МИА Орце Николов секратар на ООЦК Велес. Воедно, денеска еден од крводарителите првпат дарувал крв и со тоа се приклучил во Друштвото на хуманите. Инаку, иако не е поминат ни јуни скоро и да е реализиран годишниот план за крводарување од 1 861 крвна единица. Со тоа велешките крводарители и годинава ќе го натфрлат годишниот план за крводарување за 2021 и понатаму остануваат на врвот на најхуманите во земјава, потенцира Николов.ад/свс/

Остани поврзан