Во Владата ќе бидат презентирани јавните повици кои се дел од шестиот пакет мерки
- Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска на прес-конференција ќе информираат за јавните повици кои се дел од шестиот пакет мерки.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска на прес-конференција ќе информираат за јавните повици кои се дел од шестиот пакет мерки.
Шестиот пакет на мерки беше усвоен на 66. владина седница и е наменет за најпогодените сектори од корона кризата.
Содржи седум мерки и со него се очекува да бидат поддржани 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани.
Вкупната вредност на овој пакет мерки изнесува 17,8 милиони евра. бак/лв/