• четврток, 07 ноември 2024

Во Венеција ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж"

Во Венеција ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Во галеријата „Кунст Депот“ во Венеција ќе биде отворена изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“. Изложбата се организира по осми пат од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, и ќе биде отворена до 17-ти месецов.

Како што соопштија од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови  изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат новите можности на ликовна креација.

-Во оваа ера на  огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување. Цртежот, со својата вродена едноставност и  разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се  поствуваат прашања и користат нови материјали и техники. Имавме посебна чест, што изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“ оваа година во Македонија се реализираше во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески, соопштија од ДЛУМ.

Изложбата „Експериментален цртеж“ е дел од програмските изложби на ДЛУМ и е посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески, и беше поставена во неговото ателје каде тој творел и работел.

На изложбата се претставени четириесеттина цртежи изработени во повеќе цртачки техники. Изложбата е поддржана од Министерствтото за култура и туризам.бт/са/

Фото: плакат

Остани поврзан