• сабота, 23 ноември 2024

Во Велика Британија родени близнаци со различна боја на кожата

Во Велика Британија родени близнаци со различна боја на кожата

Лондон, 12 септември 2022 (МИА) - Новопечената мајка Шантел Бротон на популарната емисија „Добро утро, Британија“ раскажа како е да се живее со своите деца близнаци - синот Ајон и ќерка ѝ Азира, кои се родени на 30 април годинава.

Но, она што е занимливо за овие бебиња е тоа што имаат забележително различна боја на кожата. Роден со светла кожа и зелени очи, Ајон наликува на Шантел, додека Азира, која има кафени очи и потемен тен, повеќе личи на татко ѝ Ештон.

- На почетокот тоа не беше толку видливо. Тие беа прилично слични по тенот - едвај можеше да се види дека таа е малку потемна. Но, како што минуваа неделите и месеците, таа стануваше потемна и поцрна, а тој - посветол, објасни Шантел. Ова е редок, но не и единствен случај, иако многумина од нивното опкружување, се изненадени од таа навидум „необична разлика“ меѓу близначињата. - Сите се „шокирани“... Но, ние сме среќни. Ни се допаѓа што тие се малку поинакви и што таа личи на тато, а тој на мене, додаде гордата мајка. Некои дури мислат дека бебињата имаат различни татковци, но д-р Амир Кан објасни како може да се родат близнаци со различна боја на кожа. - Може да се случи два сперматозоида да оплодат две јајце-клетки. Бојата на кожата се состои од околу 20 различни гени и тоа е случаен избор - она ​​што се наоѓа во еден сперматозоид не мора да биде исто како во друг, а тоа важи и за јајце-клетките, објасни тој. Тоа е сосем ретко, но и според докторот, се случува во човековото општество.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан