• сабота, 23 ноември 2024

Во Велика Британија откриен уште еден вид на Ковид-19

Во Велика Британија откриен уште еден вид на Ковид-19
Лондон, 16 февруари 2021 (МИА) - Експертите соопштија дека во Велика Британија е откриен уште еден вид на коронавирусот со потенцијално загрижувачки сет на мутации. Истражувачите од Универзитетот во Единбург соопштија дека варијантата позната како Б1525 е откриена со секвенцирање на геномот во 10 држави, вклучително Данска, САД и Австралија, а досега во Велика Британија се пријавени 32 слуачи. Најраните случаи се откриени во декември минатата година, а се појавиле во ВЕлика Британија и во Нигерија. Експертите наведуваат дела варијатната има сличности со Кентовата варијанта Б117, а има загрижувачки мутации, вклучително и мутацијата Е484К. Но, се уште не е позната способноста на коронавирусот да предизвика инфекција или потешка слика на болеста, како и дали ќе бидат ефикасни вакцините. ми/

Остани поврзан