• вторник, 24 декември 2024

Во велешкиот регион пченицата со поголем просечен принос од ланскиот

Во велешкиот регион пченицата со поголем просечен принос од ланскиот

Велес, 31 јули 2023 (МИА) - На површини кои се во надлежност на Подрачната единица за земјоделство Велес, во 2023 во велешкиот поширок регион има за околу 30 проценти повеќе посеано пченица од 2022 година или 810 хектари со просечен принос од 3000кг/хектар. Досега над 95  проценти од површините се ожнеани.

За споредба пченица во 2022 година беше посеана на 623 хектари, со просечен принос од 2500 кг/хектар, информираат за МИА од Подрачната Едница за земјоделство,шумарство и водостопанство.

На површините кои се под надлежност на ПЕ Велес во 2022 имаше насеано околу 2900 ха јачмен со просечен принос од 3800кг/хектар, додека во 2023 посеани беа нешто над 3000 хектари со ист просечен принос од ланскиот.

Тие информираат дека најголемиот дел од реколатата на јачменот е предаден во регистрираните откупни капацитети и помал дел е складиран од земјоделците сточари, за храна на стоката. ад/сх/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан