• петок, 05 декември 2025

Во велешката библиотека се одржа донаторска работилница за обезбедување литература на македонски јазик за децата од македонското училиште во Мелбурн, Австралија

Во велешката библиотека се одржа донаторска работилница за обезбедување литература на македонски јазик за децата од македонското училиште во Мелбурн, Австралија

Велес, 5 септември 2025 (МИА) - Под мотото „Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик“ во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се реализираше донаторска работилница по иницијатива на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Литературната асоцијација „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Австралија.

Како што информира Лили Арсова од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ тие спроведоа активност за обезбедување на литература од македонски автори, за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн. Во акцијата се приклучиле  деца со родители и ученици од различни возрасти, кои ги пакуваа книгите.

Таа потенцира дека Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик каде и да сме, затоа треба да се сака и изучува уште од најмала возраст.

-Искрено се надеваме дека оваа литература ќе придонесе за полесно изучување на македонскиот јазик и ќе донесе нови познанства и другарства меѓу децата од Велес и децата на нашите иселеници во Мелбурн,потенцира Арсова. ад/ра

Фото: МИА

 

Остани поврзан