• среда, 27 ноември 2024

Во Велес ЈКП „Дервен“ од дивите депонии годинава собра 472 кубни метри смет 

Во Велес ЈКП „Дервен“ од дивите депонии годинава собра 472 кубни метри смет 
Велес, 2 март 2022 (МИА) - Од почетокот на годинава во Општина Велес со ангажирање на службите на ЈКП „Дервен“ исчистени се голем број диви депонии во градот и собрани се 472 метри кубни смет и шут. Исчистени се 161 метри кубни атмосферски канали од наноси од земја и смет кои со години не беа исчистени. Хортикултурно уредени и организирани се зелените површини на повеќе локации во градот, извршено е и комплетно санирање на урбана опрема и корпи за отпадоци на повеќе локации во градот, информираат од Општина Велес. - Од сите нас зависи во каква околина ќе живееме. Грижејќи се за околината, се грижиме за подобрување на квалитетот на животот на сегашните и идни генерации, потенцираат од Општина Велес. Апелираат до сите граѓани за зачувување на хигиената и опремата во градот, со што ќе се придонесе Општината и ЈКП „Дервен“ да можат да креираат нови зелени површини и рекреативни катчиња во градот. ад/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан