• петок, 26 јули 2024

Во Велес се одбележува празникот Успение на пресвета Богородица

Во Велес се одбележува празникот Успение на пресвета Богородица

Велес, 28 август 2023 (МИА) - Православните верници од Велес и велешко денеска го слават големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. По традиција, велешани ја посетија црквата ,,Пресвета Богородица” позната како Влашката црква на левата страна во стариот дел на Велес. 

Во оваа црква беше отслужена света Божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со свештенството од градот.

На литургијата, митрополитот Повардарски Агатангел благоволи и го произведе во чин протоереј, свештеникот Драги Гаштарски. ад/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан