• сабота, 28 декември 2024

Во Велес и Велешко и денеска повеќе оздравени отколку новозаразени од Ковид-19

Во Велес и Велешко и денеска повеќе оздравени отколку новозаразени од Ковид-19
Велес, 18 април 2021 (МИА) - Во Велес и Велешко продолжува трендот на намалување на новозаразени со коронавирусот и изминатото деноноќие има само осуммина позитивни. Регистрирани се и 36 оздравени пациенти, информираат од Институтот за јавно здравје. Во моментов сè уште се активни 744 лица, а досега во Велес и Велешко 5205 жители биле заразени со Ковид-19. Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 87 пациенти, од кои 73 се потврдени позитивни, шест сомнителни и осум пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 40 пациенти. Еден пациент на 65 годишна возраст е транспортиран во Ковид центарот-Козле во Скопје. Од велешката болница се испишани двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест за Ковид-19, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова. ад/ир

Остани поврзан