• вторник, 17 декември 2024

Во Вашингтон повторно гала вечера за дописниците од Белата куќа

Во Вашингтон повторно гала вечера за дописниците од Белата куќа
Вашингтон, 30 април 2022 (МИА) - Гала вечера ќе биде приредена денеска во Вашингтон за акредитирани дописници од Белата куќа, по пауза поради епидемијата на коронавирусот и годините на владеење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој не сакаше шеги на своја сметка, ниту се залагаше за медиумска поддршка. На вечерата организирана од Џозеф Бајден ќе има домаќин, комичарот Тревор Ноа, кој ќе ги забавува новинарите акредитирани од Белата куќа. Вакви гала вечери традиционално постојат од 1924 година, а на секоја од нив присуствувал и претседателот на САД од 1980 година, освен Трамп. Поканети се околу 2.600 гости. За вечерта е предвиден говор на претседателот, кој се очекува да биде со сатира на сопствена сметка. Потоа, планиран е говор на комичарот, кој е задолжен и за „задевање“ на претседателот на САД.

Остани поврзан