• понеделник, 16 декември 2024

Во бурата Кириан во Европа загинаа најмалку 16 луѓе

Во бурата Кириан во Европа загинаа најмалку 16 луѓе

Фиренца, 3 ноември 2023 (МИА) -  Бројот на жртви од бурата Киаран во Европа денеска се искачи на 16, од кои шест во Италија, која е тешко погодена во невремето каде е во прекин сообраќајот на западниот дел на континентот.

Откако го мина брегот на Атлантикот, невремето се пресели на исток, каде што ги однесе животите на шест лица во Тоскана (на северот на Италија) и донесе рекордни врнежи од дожд

„Она што се случи синоќа во Тоскана има само едно име: климатски промени“, изјави гувернерот на таа покраина Еугенио Џани. Владата прогласи „вонредна состојба“ за да може покраината да и се помогне финансиски и материјално.

„Ситуацијата е критична“ во Фиренца, предупреди вечерва градоначалникот Дарио Нардела на мрежата Х. Нивото на водата на реката Арно, која минува низ главниот град на Тоскана, го достигна својот врв попладнево.

Невремето го зафати и Венето (северо-исток), каде две лица се водат за исчезнати, јавуваат локалните медиуми.

Нивото на водата на реката По, најголемата река во Италија, на север порасна за еден метар за 24 часа и се заканува да се излее.

Неколку луѓе загинаа од паѓање дрвја под налетот на ветрот: двајца во Белгија - меѓу нив и дете од Украина во Гент - двајца во Франција и по еден во центарот на Мадрид, Германија и Холандија.

Во Португалија три лица загинаа кога едрилица која пловела под данско знаме се насука на плажа.

Невремето го прекина железничкиот сообраќај во Белгија, најмногу во Фландрија.

Во четвртокот во пристаништето Антверпен беше прекинат поморскиот сообраќај. Летовите беа одложени на аеродромот во Брисел.

Во Франција животот го загубија две лица, 70-годишен маж  во Авр и возач на камион. Во тоа подрачје се повредени 16 лица, од кои седум пожарникари, од кои еден потешко. Премиерката Елизабет Борн изјави дека во Франција се повредени вкупно 47 лица.

Нешто повеќе од половина милион домаќинства беа без струја денеска наутро, во однос на 1,2 милиони претходниот ден, изјави владиниот портпарол Оливие Веран. зш/

Остани поврзан