• сабота, 23 ноември 2024

Во Бугарија протести на вработените во компании за изградба и одржување на патиштата

Во Бугарија протести на вработените во компании за изградба и одржување на патиштата
Софија, 13 април 2022 (МИА) – Вработените во компаниите за изградба на патишта во Бугарија денеска протестираат со барање да им се исплатат заостанатите пари. Тие тврдат дека една година се без работа и без средства, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека околу 300 милиони евра може да се доделат во рок од неколку дена доколку Народното собрание изгласа закон. Протестот почна пред Народното собрание на Бугарија, продолжи кон Министерството за финансии и пред зградата на Владата. На протестот во Софија учествуваат повеќе од 86 компании за изградба и одржување на патиштата. Протести има и на други градови во Бугарија. нк/ми/

Остани поврзан