• сабота, 23 ноември 2024

Во Бугарија поевтинува горивото, а брашното ќе се продава без ДДВ

Во Бугарија поевтинува горивото, а брашното ќе се продава без ДДВ
Софија, 9 јули 2022 (МИА) - Бугарските граѓани од денеска ќе купуваат бензин, дизел, природен гас (метан) или пропан-бутан со попуст од 25 центи за литар гориво, јави дописникот на МИА од Софија. Сите бугарски државјани кои поседуваат автомобил, мотоцикл и мопед имаат право на попуст на цената на горивото. Попустот ќе го даваат бензинските пумпи. Услов за добивање на попуст е горивото да биде наточено во резервоарот на возилата, а не во туби, а друг услов нема. За финансирање на мерката од бугарскиот буџет се издвоени 150 милиони лева (75 милиони евра). Попустот ќе важи до крајот на годината. Исто така, од денеска стапува во сила нула проценти данок на додадена вредност за брашното. Мерките се преземени со цел да се намали влијанието на ефектите од кризата врз бугарската економија. нк/ми/

Остани поврзан