• среда, 27 ноември 2024

Во Бугарија од четврток со задолжителен негативен ПЦР

Во Бугарија од четврток со задолжителен негативен ПЦР
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - На сите државјани на Република Северна Македонија од 20 јануари им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира Министерството за надворешни работи. Од МНР нагласуваат дека по интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби. Најновата одлука на бугарските власти, ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток).вј/са/

Остани поврзан