• вторник, 24 декември 2024

Во бременоста е препорачливо не повеќе од два филџана кафе на ден 

Во бременоста е препорачливо не повеќе од два филџана кафе на ден 
Лос Анџелес, 29 март 2021 (МИА) - За време на бременоста, треба да се обрне внимание на повеќе работи, но особено на она што го внесувате во телото. Ова првенствено се однесува на кофеинот. Тој вообичаено се наоѓа во црниот или зелен чај, во кафето, газираните и некои енергетски пијалаци, чоколадото... Како стимуланс што нѐ држи будни. Но, кофеинот го зголемува и крвниот притисок и отчукувањата на срцето, како и количината на урина што ја произведува телото. Може да предизвика и нервоза, проблеми со варењето или со спиењето. Кофеинот во бременоста минува и низ плацентата до бебето. Затоа, стручњаците советуваат бремените жени да не консумираат повеќе од 200 милиграми кофеин дневно. Зголемувањето на таа количина, како што пишува „Марч оф дајмс“, може да предизвика спонтан абортус, предвремено породување или губење на тежината кај новороденчето. Важно е да се нагласи дека 200 милиграми кофеин се содржани во две шолји кафе. Количината кофеин во една филџан чај зависи од тоа колку е силно кафето (но и колку е голем тој филџан. Сепак, стручните лица ги препорачуваат другите, билни чаеви.  си/

Остани поврзан