Во близина на Оландските Острови се насука фински крузер
- Крузер на финската компанија „Викинг лајн“ денеска се насука во близина на Оландски Oстрови, помеѓу Финска и Шведска

Хелсинки, 20 септември 2020 (МИА) - Крузер на финската компанија „Викинг лајн“ денеска се насука во близина на Оландски Oстрови, помеѓу Финска и Шведска.
Финските власти соопштија дека нема повредени и оти се подготвува евакуација на патниците.
Крузерот Аморела сообраќал од финскиот град Турку до Стокхолм, а на бродот има околу 200 патници и 80 членови на екипажот. ми/