• вторник, 24 декември 2024

Во БиХ регистрирана појава на беснило

Во БиХ регистрирана појава на беснило
Сараево, 11 јуни 2020 (МИА) - Институтот за здравје и безбедност на храната во Босна и Херцеговина денеска потврди дека во земјата, првпат по шест години, е регистрирана појава на беснило, болест која е смртоносна и за луѓето и за животните. Со тестирање спроведено кон крајот на мај во референтната државна лабораторија е потврдено дека едно ловечко куче е заразено со беснило и било пронајдено во Сребреница, источна Босна. Како што е наведено од Институтот, ова е прв ваков случај по шест години, кога во БиХ се појави беснило, а изворот на заразата и тогаш беше куче. Институтот предупреди дека треба да се преземат мерки за заштита за да се спречи ширењето на болеста. „Експертите препорачуваат да се спроведе вакцинација за да се избегне можноста за ширење на болеста од диви на домашни животни, а потоа и на луѓе“, се наведува во соопштението. паг/  

Остани поврзан