• среда, 24 јули 2024

Во Битола се реконструира улицата „Индустриска“

Во Битола се реконструира улицата „Индустриска“

Битола, 22 јули 2024 (МИА) - Во Битола почна реконструкција на коловозот на улицата „Индустриска“, важна сообраќајница за градската индустриска зона.

Од Општина Битола информираат дека реконструкцијата ќе се одвива на потегот од влезот во населбата Боримечка, до мостот на реката Курдерес, односно во должина од 168 метри, каде ќе се изведува нов коловоз со ширина од 6 метри и тротоар од 1,5 метри.

Вредноста на инвестицијата во овој проект е 2,4 милиони денари денари, истакна градоначалникот Тони Коњановски кој заедно со дел од советниците во Советот на Општина Битола, извршија увид во градежните активности на терен. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан