• петок, 27 декември 2024

Во Битола промовирани 22 македонско-грчки проекти за погранична соработка

Во Битола промовирани 22 македонско-грчки проекти за погранична соработка
Битола, 4 мај 2022 (МИА) - Министерот и заменик министерот во Министерството за локална самоуправа Горан Милевски и Зоран Димитровски во Битола промовираа 22 проекти кои ќе се реализираат во рамки на програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Во овој повик акцент беше ставен на проектите посветени на заштита од природни непогоди, заштита на културно наследство и развој на локалната економија, посочи министерот Милевски на прес конференција во Битола. -Во Битола во партнерство со Национален парк Пелистер ќе градиме адреналински парк. Станува збор за атракција која освен што ќе привлече туристи ќе овозможи услови за забава и рекреација. Проекти има и за во други делови на државата со што продолжува успешното комуницирање на граѓаните од двете држави истакнато преку општините, граѓанските организации и планинските региони, истакна Милевски. Во вториот јавен повик за кофинансирање на проекти обезбедени се и ќе се доделат 7,6 милиони евра кои Министерството за локална самоуправа очекува целосно да бидат искористени. -Работата на терен и имплементацијата на проектите почнува од денес. Роковите за завршување на проектите се движат од 18 до 20 месеци, но ние очекуваме тие да бидат завршени порано, нагласи министерот Милевски на денешниот промотивен настан што се одржа во битолскиот Офицерски дом.мт/вј/

Остани поврзан