• среда, 25 декември 2024

Во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Битола, 26 јули 2023 (МИА) - Со традиционално дефиле по Широк сокак и со изведба на орото „Комитско“ вечер во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Фестивалот „Илинденски денови“ е член на светската асоцијација на фоклорни фестивали ЦИОФФ со чија поддршка годинава во Битола ќе гостуваат и настапат ансамбли од Чиле, Мексико, Ирска, Хрватска, Грузија, Италија, Бугарија и од Србија.

Првата фестивалска вечер ќе ја отворат членовите на ансамблот „Македонија“ од Скопје и освен гостите од странство, пред битолската публика со свои кореографии ќе се претстават фолклорните ансамбли „Бисер“ од Кичево, „Цветови“ од Дедино и „Русалии“ од Секирник.

Организаторот и домаќин на фестивалот, НУ Центар за култура-Битола деновиве реализира богата придружна програма во чии рамки претпладнево ќе се одржат коњички марш „Патот на Илинденците“, промоција на Зборник на трудови за семинарот на традиционална музика и игра, проекција на македонскиот етнографски филм „Лазаренки“ и изложба на тема „Традиционалната култура на градот Штип“.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола. мт/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан