• четврток, 26 декември 2024

Во Битола завршува фестивалот на класична музика „Интерфест“

Во Битола завршува фестивалот на класична музика „Интерфест“
Битола, 12 октомври 2022 (МИА) - Во битолскиот Офицерски дом вечерва завршува 31. издание на  Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, а на свеченото затворање ќе настапат италијанските уметници Рафаеле Д’Анџело, пијано и Марија Рита Панела, пијано. Целовечерениот концерт на гостите ќе биде придружуван од камерниот оркестар на Битола под диригентство на Владимир Димовски. Годинава на сцените во НУ Центар за култура, НУ Народен театар и Офицерски дом, освен македонски, настапија и уметници од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија. Во рамки на „Интерфест Битола 2022“ се одржа поетска вечер со актерот Петар Мирчевски, посветена на македонскиот поет, романописец и есеист Славко Јаневски, како и ликовна изложба со наслов „Пат за Дихово" од српскиот ликовен уметник Миливоје Новаковиќ Кањош. мт/дма/

Остани поврзан