• вторник, 24 декември 2024

Во Битола завршува фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“

Во Битола завршува фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“

Битола, 27 септември 2024 (МИА) - Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“.

Тимот за филмот „Убиј ги прво децата“ претпладнево ќе биде претставен на прес конференција во фестивалскиот прес центар, а потоа ќе се одржи предавање во чест на Свен Никвист чија ѕвезда, заедно со останатите вкупно 18 се поставени и откриени на „Патека на славните“ на Широк сокак.

Во текот на фестивалот кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“ беа емитувани 67 филмови во повеќе натпреварувачки категории. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан