• вторник, 24 декември 2024

Во Берово ќе се чисти на повеќе локации во рамки на акцијата Генералка викенд

Во Берово ќе се чисти на повеќе локации во рамки на акцијата Генералка викенд

Берово, 16 мај 2024 (МИА) - Во Општина Берово утре ќе се чисти на повеќе локации во рамки на големата еколошка акција Генералка викенд, соопшти градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски. Акцијата, како што информираше тој ќе се спроведе во соработка со неколку институции и установи од градот.

-Во акцијата ќе се вклучат и училишта и институциите на локално ниво. Ќе се чисти на повеќе локации во градот, а целта е да се  собере што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се носи до најблиската Пакомак или локална станица за отпад, истакна Пекевски. 

Свое учество во акцијата ќе земат и волонтери на Црвен крст на Македонија.

-Акцијата за чистење Генералка викенд 2024, е една од активностите кои ги спроведуваме, за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, додаде Пекевски.

Апелираше на масовна излезност на граѓанството со цел да се собере отпадот од непосредната околина, а од друга страна да се допринесе за поздрава и позелена иднина за сите граѓани  

Големата еколошка акција Генералка викенд, е поддржана од  општествено одговорни компании: EVN, Нула отпад, Мак Стил, Бучим, БИ Милк, Костал и Шпаркасе Банка. Организатори на ниво на цела Македонија преку заедничко партнерство се Пивара Скопје, Пакомак и Мен Енд Маунтен. вс/дма/


Фото: Општина Берово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан