• среда, 25 декември 2024

Во Берово одржана ждрепката за Работничките спортски игри 2022

Во Берово одржана ждрепката за Работничките спортски игри 2022
Берово, 4 март 2022 (МИА) - Во Берово се одржа ждрепката за формирање на групите на Работничките спортски игри 2022, кои стартуваат од идниот понеделник.
- Извлекувањето се одржа во присуство на претставници од сите екипи учесници на овогодишните Работнички спортски игри. По извлекувањето кое се одвиваше во најдобар ред, беа формирани две групи од по шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи, истакнаа од Општина Берово кои се организатори на турнирот.
На турнирот, како што додадоа, свое учество пријавиле вработени во повеќе општински и државни институции.
- Натпреварите ќе се играат во групи секој со секој, а потоа во полуфинале ќе одат првиот  и вториот од двете групи. Со ждрепка ќе бидат одредени полуфиналните двојки, но, не може да играат во полуфинале две екипи кои биле во иста група, т.е полудиригирана ждрепка, додадоа од Општина Берово
Како организатор на овие игри на учесниците им посакаа добра, фер игра преку подигање на спортскиот и натпреварувачки дух.
Работничките спортски игри ќе се одржат во салата „Македонски Бранители“, а распоредот како што дополнија е објавен на Општинската веб-страница. вс/ар/

Остани поврзан