• понеделник, 23 декември 2024

Во Белград четврти протест „Србија против насилството“ со блокада на РТС

Во Белград четврти протест „Србија против насилството“ со блокада на РТС

Белград, 27 мај 2023 (МИА) - Во Белград во 18 часот како што најавија од проевропската опозиција по четврти пат се одржува масовен протест, кој се одржува по повод масовните убиства во Србија, со слоганот „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот се одвива во мирна атмосфера, на него има повеќе десетици илјади граѓани исто како и на претходните протести и тој се одвива во форма на протестна прошетка од Народното собрание низ центарот на Белград во вид на голем прстен околу зградата на РТС која е блокиран за сообраќај.

Организаторите овојпат ги повикаа граѓаните да понесат по еден цвет и да го остават пред Народнот собрание, за да се покаже почит кон жртвите на масовните убиства овој месец.

Пратеникот Александар Јовановиќ на протестот изјави за Н1 да после она вчера, и ова денес, прашање е само што ќе направи Александар Вучиќ.

-Го пофалувам што почна да ги исполнува барањата.Тој ќе ги исполни сите барања, а наше е мирно да шетаме, кажа Јовановиќ.

На протестот повик упатија - Демократската партија, Народната партија, Зелено- левиот фронт, Не го давиме Белград, партијата Заедно, Партијата за слобода и правда, Движењето на слободни граѓани, Синдикатот Слога и Движењето за пресврт.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на бебзбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

На вчерашниот исто така масовен протест во Белград кој беше одржан на повик на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој повика на дијалог за барањата од протестите, но додаде дека нема да има преодна влада, туку новата влада ќе се избере на избори и според вољата на народот. об/

Остани поврзан