• сабота, 21 декември 2024

Во Белград повторно протест на српската опозиција поради нерегуларните избори

Во Белград повторно протест на српската опозиција поради нерегуларните избори

Белград, 16 јануари 2024 (МИА) – Поддржувачите на српската опозиција денеска се вратија на улиците на Белград, обвинувајќи ја популистичката Влада на претседателот Александар Вучиќ за измама на минатомесечните парламентарни и локални избори“.

Демонстрантите бараат поништување на резултатите од гласањето на 17 декември и повторно да се одржат слободни и фер услови.

Слични демонстрации беа одржани неколку дена по изборите.

На минатогодишните избори за победник беше прогласена владејачката Српска напредна партија, но главната опозициска алијанса „Србија против насилството“ тврди дека изборите биле украдени, особено на изборите за градските власти во Белград. Изборните власти и судовите ги отфрлија жалбите поднесени од опозицијата.

Според меѓународните набљудувачи дека изборите се одржале под нефер услови и тие укажаа на сериозни нерегуларности кои вклучуваат полнење на гласачки кутии и купување гласови.

Некои набљудувачи на локалните избори тврдат дека гласачите од цела Србија и од соседните земји биле носени со автобуси да гласаат во Белград. Тие исто така тврдат дека поддржувачите на власта биле регистрирани на лажни адреси. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан