• вторник, 26 ноември 2024

Во Балтичко Море почна воената вежба „Северни брегови 2023“

Во Балтичко Море почна воената вежба „Северни брегови 2023“

Талин, 9 септември 2023 (МИА) – Во Балтичко Море од денеска до 23 септември ќе се одржува воената вежба „Северни брегови 2023“ (Northern Coasts 23) со учество на 14 земји-членки на НАТО под команда на Германија.

Во воената вежба учествуваат над 3.200 војници, околу 30 бродови и подморници, 19 авиони и различни копнени единици.

- Руската агресија врз Украина радикално ја промени безбедносната ситуација на Балтикот. Вежбите од овој тип испраќаат јасна порака. НАТО е подготвен да го брани секој сантиметар од сојузничката територија, изјави портпаролот на НАТО, Дилан Вајт.

Вежбите „Северни брегови 23“ нема да се одржат во близина на Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија, со цел да се избегне каква било провокација, соопшти германската морнарица.

Вежбите „Северни брегови“ ги почна Германија во 2007 година, а годинава учествуваат Германија, САД, Франција, Италија, Финска, Естонија, Данска, Канада, Белгија, Литванија, Летонија, Холандија, Полска и Шведска.

Русија редовно спроведува воени вежби во Балтичко Море, а последен пат во август. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан