• сабота, 21 декември 2024

Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории

Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории
  Тирана,14 јули 2020(МИА) - Во Албанија носењето заштитни маски и во затворени простории станува задолжително, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу при посетата на Здравствен дом во Тирана, каде амбулантски се лекуваат пациенти заразени со Ковид-19, а нивната состојба ја следат матични лекари. Таа исто така рече дека ќе бидат казнети сите оние лица кои нема да носат заштитна маска. -Со одлука на Техничкиот комитет на експерти, онака како што тоа го направивме во јавниот превоз или активности со висок ризик, сега ќе бидат задолжителни за сите во затворен простор. Ќе биде една поголема одговорност на сите граѓани, да носат заштитни маски насекаде во затворено. Сите оние лица кои нема го почитуваат тоа ќе бидат казнети.Здравјето нема цена,посочи Манастирлиу. Таа ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во земјата нема доволно тестови. -Има доволно тестови и епидемолошката состојба се следи внимтелно.Апелирам до граѓаните да бидат посовесни во потувањето на препораките,рече таа. Албанија има капацитет за правење до 500 тестови дневно.Засега не се дозволува тестови да се прават во приватни клиники.Најавено е отворање нова лабораторија со над илјада тестови дневно. Послениот месец во Албанија секојдневно се регистрираат висики двоцифрени бројки а завчера за првпат беше регистрирана и троцифрена бројка. Дел од епидемиолозите бараат враќање на полицискиот час за викенд. вт/

Остани поврзан