• среда, 25 декември 2024

Во Албанија во последната декада емигрирале половина од граѓаните со високо образование

Во Албанија во последната декада емигрирале половина од граѓаните со високо образование
Тирана, 24 септември 2021 (МИА) - Во последните десет години Албанија ја напуштиле над 47 отсто од граѓаните со високо образование, посочуваат експерти од оваа област од Институтот за статистика на Албанија. Сократ Палуши и Елма Кали во студијата „Албанската дијаспора во бројки“ наведуваат дека Албанија има највисоко ниво во регионот на емиграција на образовани луѓе и студенти во странство, јави дописничката на МИА од Тирана. За учебната 2019-2020 година 18.181 млади луѓе заминале на студии во странство, додека појавата на „одлив на мозоци“ од Албанија се зголемува од година во година. - Заминав затоа што добив стипендија за студии во Париз. Сега живеам во Луксембург. Ми недостига моето семејство, но подобриот квалитет на живот ме одржува тука. Им велам на моите пријатели во Албанија дека се среќни што имаат сонце, а нивниот одговор е: „дојдете живејте овде со сонце, но без економски приходи“, свели Замира Поде. Во студијата се наведува дека иселувањето ги разделило албанските семејства, и од година во година се намалува процентот на младата наспроти постарата популација. - Постарите живеат сами, бидејќи децата се жртвуваат не само за подобро образование, туку и за сигурна работа во иднина за да му помогнат на семејството. Високото ниво на иселување на образовани луѓе од земјата ќе ја осиромаши економијата, а исто така негативно ќе влијае на одржливиот и долгорочен раст на земјата, констатираат експертите во студијата. Се додава дека вкупната бројка на популацијата која се иселила од Албанија, главно во западноевропските земји, по падот на комунизмот, заклучно со 2020 година, изнесува 1.684.135 лица. вт/паг/

Остани поврзан