• недела, 24 ноември 2024

Во Австрија приведени тројца турски државјани осомничени за шпионажа

Во Австрија приведени тројца турски државјани осомничени за шпионажа

Виена, 28 јули 2022 (МИА) - Тројца турски државјани се приведени во Австрија под сомнение дека шпионирале австриски жители со турско потекло за турската разузнавачка служба МИТ, соопшти денеска Австриската канцеларија за заштита на државниот поредок и борба против тероризмот.

„При претрес на становите на осомничените пронајдена е поголема количина носачи на податоци, мобилни телефони и гасни пиштоли, а во апсењето учествувале и припадници на специјалната единица Кобра“, соопшти Управата за заштита на уставниот поредок. Во соопштението се наведува дека ова е „познат метод“ за собирање податоци за противниците на власта и опозициските активисти кои живеат во странство. Истрагата започна во февруари годинава. Пред тоа австриските медиуми објавија дека приведените шпиони работеле против членови на т.н. Движење Ѓулен кои живеат во Австрија и испраќале информации до Анкара за нивните активности.
Во соопштението се наведува дека лицата кои ги следеле шпионите се турски државјани и австриски државјани со турско потекло. паг/  

Остани поврзан