Во авионот што се урна кај Вашингтон биле и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање
- Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, јави Тасс.
Москва, 30 јануари 2025 (МИА) – Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, јави Тасс.
Шишкова и Наумов, кои се во брак од 1995 година, ја освоија светската титула во уметничко лизгање во 1994 година.
Регионален патнички авион на Американ ерлајнс се судри во воздух со хеликоптер на американската армија Блек Хок во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон по што авионот се урна во реката Потомак. јт/
Фото: Х