• четврток, 26 декември 2024

Во август годинава 190 855 туристи и 835.016 ноќевања

Во август годинава 190 855 туристи и 835.016 ноќевања
Скопкје, 14 октомври 2022 (МИА) - Бројот на туристи во државава во август  годинава изнесува 190 855, од кои 60,9  проценти се домашни туристи, а 39,1  процент се странски, објави денеска Државниот завод за статистика. Во август годинава се регистрирани 835 016 ноќевања, од кои 77,7 проценти се од домашните, а 22,3 проценти од странските туристи. Од евидентираните вкупно 74 673 странски туристи, најбројни биле од Турција, 11 017, по што следат тие од Србија, 7 317, Полска 5 570, Романија, 4 875, Германија, 4 353, САД , 2 347, Грција, 2 287, Италија и Бугарија над 1 800, Словенија, 1 747, Израел 1 479, .... Езерските места во државава во август ги посетиле 129 616 туристи, во Скопје престојувале 36 442, додека во планинските и бањските места имало 7 923, односно 3 647 туристи.  Хотелско сместување користеле 95 622, а куќи, станови за одмор и соби за издавање над 80 400. Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јануари – август годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 35,1 процент, при што кај домашните  има зголемување за четири проценти, а кај странските зголемувањето е за 87,8  проценти.. Во првите осум месеци од оваа година, споредено со истиот период лани, кај ноќевањата  е евидентирано зголемување за 20,1 отсто, кај  домашните туристи за 2,4 отсо, а кај странските за 78,3 отсто. лв/са/

Остани поврзан