• сабота, 21 декември 2024

„Војна“ во центарот на Тирана, полицијата со солзавец и водни топови, демонстрантите со камења

„Војна“ во центарот на Тирана, полицијата со солзавец и водни топови, демонстрантите со камења
Тирана, 10 декември 2020 (МИА) - Вечерва во Тирана се одржа вториот протест поради убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полицаец, кој спорeд насилството не се разликуваше од вчерашниот, јави дописничката на МИА од Тирана. Протестот почна идентично како и вчера пред Министертвото за внатрешни работи каде учесниците ја откорнаа железната ограда и почнаа да фрлаат железни шипки и пиротехнички средства врз кордонот полицајци, тврди предмети врз објектот, а истото го правеа и врз објектот на Министертвото за финансии, каде ја оштетија влезната врата и многу прозорци, по што продолжија и пред Владата. - „Војна“ во центарот на Тирана, полицијата за да се заштити себеси и државниот имот користи солзавец и водни топови врз демонстрантиите кои не избираат со што гаѓаат врз полицијата. Извикувајќи: „Долу диктатура“, „Полицајци фашисти“, тие одзедоа и противпожарно возило, палеа и контејнери, пренесе Ора њуз телевизија. Освен повеќето од 800 полициски службеници, мораа да интервенираат и припадниците на специјалните полициски единици. Протести беа организирани и во Корча каде демонстрантите носеле парола на која пишувало „Не ставајте гас-маски, ставете панцири“, потоа во Валона, Драч, Берат и други градови. На протестот во градот Лежа освен барањето за оставка од министерот Лешај, учесниците имаа и едно чудно барање, а тоа е „Легализирајте го хашишот“. Протестите во сите градови биле насилни со оштетување на полициските станици и гаѓање на полицајците со тврди предмети. Во време кога почна протестот во Тирана, премиерот Еди Рама информира дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај поднел оставка, но оваа вест не влијаеше многу врз демонстрантите. Полицијата приведе и повеќе учесници, пред сè млади лица. На протестот немаше политички претставници. Има повредени, пред сè полицајци, но колкав е бројот нема информации. вт/

Остани поврзан