• петок, 20 декември 2024

Во Приштина почна судењето за убиството на Оливер Ивановиќ

Во Приштина почна судењето за убиството на Оливер Ивановиќ
Приштина, 6 јули 2021 (МИА) - Во Основниот суд во Приштина денеска почна судењето за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатиа Слобода, демократија, правда, Оливер Ивановиќ, според третото дополнето обвинение на Косовското специјално обвинителство. На денешното судење ќе биде прочитано обвинението, а Обвинителството ќе го претсатви списокот на материјални докази и ќе бидат сослушани сведоци. Според третото обвинение, шест лица се товарат за вмешаност во убиството на Ивановиќ: Марко Рошиќ, Недеjко Спасојевиќ, Раде Басара, Силвана Арсовиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ. Обвинетите се товарат и за кривични дела тешко убиство, учество или организација на криминална група, злоупотреба на службената положба или овластување и неовластено поседување оружје. Одбраната претходно ги критикуваше сите обвиненија од Специјалното обвинителство, наведувајќи дека тие се нецелосни и не се поткрепени со докази. Истото го тврдеа откако беше подигнато и третото обвинение во ноември 2020 година и бара негово орфрлање д страна на првостепениот, а потоа и од Апелацискиот суд, но тоа не беше прифатено. Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година, со неколку истрели во грбот, додека влегуваше во просториите на неговата партија во северниот дел на Косовска Митровица. Според претходните најави, судењето ќе продолжи и утре. ми/

Остани поврзан