• понеделник, 23 декември 2024

Волстрит почна да тргува со вода

Волстрит почна да тргува со вода
Њујорк, 9 декември 2020 (МИА) - На Волстрит неделава се тргува со вода, а нејзината цена варира како цената на нафтата, златото или пченицата,соопшти најголемата светска берза за финансиски деривати „ЦМЕ груп“. Според финансиските експерти со доаѓањето на водата на берзите ќе се овозможи подобро управување на идните ризици поврзани со клучниот природен ресурс. Цената на водата во Калифорнија изминатата година е двојно зголемена. „ЦМЕ груп“ ќе лансира договори поврзани за калифорнискиот пазар за вода, кој е вреден повеќеод 1,1 милијарди долари. Водата за испорака во Калифорнија вчера се тргуваше за 486,53 долари по хектар, што е еквивалент на 1.233 кубици. Првиот договор за вода во САД е објавен во септември кога американскиот западен брег беше опустошен од високите температури на воздухот и пожарите. Агенцијата Блумберг наведува дека договорите би требало да „служат за заштита на најголемите калифорниски потрошувачи на вода од зголемување на цената и како показател за инвеститорите ширум светот“. Кина и САД се најголеми потрошувачи на вода во светот, Според Обединети нации две милијарди луѓе во светот имаат сериозни проблеми со пристапот до вода. ОН предупредуваат дека за неколку години две третини од Земјата би се соочиле со недостиг на вода, што би можело да предизвика големи миграции. Недостигот на вода е поврзан со претераното искористување во индустријата, човековата потрошувачка, како и климатските промени. ми/

Тагови

Остани поврзан